Стотици луѓе се собрани на Првомајска кон населбата Драчево по страшната сообраќајна несреќа во која загинаа две лица.
Како што пишува А1он сообраќајот е блокиран, собрани се роднини на загинатите, а пристигнаlo и возило на брза помош бидејќи неколкумина од нив загубиле свест.
Несреќата се случила во близина на салонот за мебел на „Мебел-Ви“ во правец накај населбата Драчево, а во неа учествувале два автомобила кои се уништени.
Според очевидци двете момчиња на возраст од 20 до 30 години починале уште пред да дојде Брзата помош.