Тесла купи биткоини за 1,5 милијарди долари, цената вртоглаво расте

206
0
SHARE

Вредноста на биткоините најголема досега, откако компанијата за производство на електрични автомобили „Тесла“, објави дека ќе ја прифати најголемата светска криптовалута како начин на исплата, притоа инвестирајќи 1.5 милијарди долари во криптовалутата.

Со објавата за инвестиција од 1.5 милијарди долари, „Тесла“ стана најголемата компанија на светот која ја поддржува криптовалутата.

Вредноста на биткоините се зголеми за 15 отсто, а вредноста од над 44.000 долари е најголема досега. Сепак, многу законодавни тела ја отфрлија криптовалутата, сметајќи дека е склона на измами.

Тесла ја направи инвестицијата откако ја обнови својата политика за инвестирање.

„Инвестиравме 1.5 милијарди долари преку новата полиса. Се очекува „Тесла“ да започне со прифаќање на биткоините како форма за инсплаќање на нашите производи во иднина“, стои во соопштението на компанијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here