ТЕЦ „Неготино“ на своите вработени им обезбедува бесплатен превоз за Парадата на гордоста во Скопје

884
0
SHARE

Уште во мај раководството на ТЕЦ „Неготино” ги почна подготовките за учество на нивните вработени на најавената Парада на гордоста во Скопје на 29 јуни. Раководството на оваа компанија во државна сопственост деновиве ги извести своите вработени дека ќе обезбеди организиран автобуски превоз за парадата.

Вработените заинтересирани за настанот треба да се пријават најдоцна до 27 јуни, се вели во известувањето во кое се додава дека ТЕЦ „Неготино“ со „големо задоволство ги поддржува настаните од ваков карактер…“ кои се веќе „поддржани и истите се одржуваат насекаде во Европа“. Потписник на ова известување е претседателот на Управниот одбор, инженерот Небојша Стојановски.

тец

Сопственик на ТЕЦ „Неготино“ е државната компанија ЕЛЕМ.

Извор МКД

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here