Тиквешките лозари со предупредувачки протест – пратеникот Панчо Минов исвиркан од Лозарите

403
0
SHARE

Тие денеска се собраа на кавадаречкиот плоштад на предупредувачки протест. Велат дека веќе не можат да издржат без пари, оти винариите Повардарие и Стефани заедно им должат околу еден и пол милиони евра. На владата и порачаа дека мора еднаш засекогаш да го реши проблемот со неисплаќањето на лозарите. Тие побараа и повисоки цени за грозјето.

На лозарите им се обрати и пратеникот Панчо Минов, кого присутните го исвиркаа, револтирани дека им ветува веќе две години дека ќе им помогне со исплата за предаденото грозје.

Лозарите предлагаат формирање фонд за исплата на грозје, кој преку Македонската банка за поддршка и развој, ќе им гарантира сигурна исплата на предаденото грозје.

ПРОТЕСТ ЛОЗАРИ 27.01.2019

ПРОТЕСТ ЛОЗАРИ 27.01.2019

Posted by КТВ-телевизија on Sunday, January 27, 2019

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here