Тодор Чепреганов: Историја напишана со политичка, а не научна методологија би била фалсификат

1030
0
SHARE

Професорот Тодор Чепреганов смета дека историја напишана со политичка, а не научна методологија би била фалсификат.

„Каде се видело некој однадвор, со политички договор, да ви се меша во креирањето на колективната свест и на сопствената историја. Македонската држава си има свои историски научни институции, кои врз основа на научни принципи, докази и документи ја пишувале националната историја. Сега, со овој политички договор за добрососедство би требало да се запали на клада сѐ што напишале македонските историчари. Тоа е апсурд што се граничи со лудост, но политиката што решила си има своја методологија тоа да го спроведе. Сепак, таквата историја, напишана со политичка методологија би била фалсификат – вели професорот Чепреганов за весникот Нова Македонија.

Според научноисторискиот пристап и методологија спроведени во пишувањето на постојните македонски учебници по историја, професорот Чепреганов смета дека тие не треба да се менуваат.

Учебниците по историја во Македонија се пишувани според сите меѓународни и научни стандарди и во нив нема ни трага од пропагирање омраза кон одреден народ или нација. Дури и ние, од нашите македонски учебници да го отстраниме моментот на учеството на Бугарија на страната на фашистичка оска во Втората светска војна, можеме ли да го избришеме она што го велат Черчил и Рузвелт, или странските историчари за улогата на Бугарија во тој важен период на светската историја, прашува екс директорот на Институтот за национална историја поставувајќи низа други важни прашања.

“Можеме ли да го избришеме она што ‘Њујорк тајмс’ го пишува за учеството на Стив Наумов во атентатот на бугарскиот полициски службеник во Македонија за време на Втората светска војна”, едно од прашањата на професорот кој бара историјата сепак да се пишува врз основа на документи.

Тодор Чепреганов за Нова Македонија дека македонската влада тешко би можела да формира комисија од историчари што би ја ‘преиспитале’ македонската историја во духот на Договорот за добрососедство со Бугарија.“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here