Ноќеска пред влезот на скопската населба Драчево, се случи тешка сообраќајна несреќа, во која според првичните неофицијални информации на лице место загинале три лица, а две лица со тешки повреди подоцна починале во скопските клиники.
До несреќата дошло кога се судриле рено5 кампус и камион за собирање на смет.
Очевидци изјавуваат дека реното се движело со преголема брзина и изгубило контрола и удрило во камионот.

Според првичните, нeoфициjaлни информации, во нecpeќaтa нacтpaдa цело ceмејство, а помеѓу зaгинaтитe има и дeцa. Еден од зaгинaтитe е и пopaнeшeн пoлицaeц вработен во ПС Драчево. На лицe мecто излезе yвиднa екипа, заедно со јавен oбвинитeл.
Полицијата најавува детали за вечерашната несреќа во текот на утрешниот ден.