ТРАГЕДИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Автобуска несреќа, еден патник загина и 60 се повредени

373
0
SHARE

Едно лице загина, а повеќе од 60 се повредени, меѓу кои седуммина потешко, во автобуската несреќа во близина на Лајпциг, на истокот на Германија, соопшти полицијата.

Несреќата се случила синоќа на автопатот А9 во близина на Лајпциг од се уште неутврдени причини, изјавил портпаролот на полицијата.

На снимените фотографии може да се види превртениот автобус кој ја пробил заштитната ограда.

Автобусот во кој се наоѓале 74 лица возел од Берлин кон Минхен за германската компанија „Фликсбус“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here