ТРАЈАНОВСКИ: НА ГТЦ МУ ТРЕБА РЕКОНСТРУКЦИЈА, А НЕ КАМУФЛАЖА

285
0
SHARE

Советникот од редовите на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, Александар Трајановски го запраша, а воедно и упати барање до градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов да се откаже од намерата за поставување на зелен кров на Градскиот Трговски Центар, образложувајќи:

Почитуван градоначалник Шилегов, во повеќе наврати кажавте дека „Зелениот кров“ на ГТЦ ви е предизборно ветување, ве замолувам да ја повлечете реализацијата на истото. И многу други предизборни ветувања ниту ги реализиравте, ниту ги започнавте, така да нема да биде проблем и од ова ветување да ретерирате.

Ако во опозиција ви сметаше и плукавте по стиропорот и постојано обвинувавте за камуфлажата на објектите, а не суштинска реконструкција, во што е разликата, да ставите 20-тина дрва и вештачка трева за да го камуфлирате објектот на кој сите знаеме дека е во руинирана и крајно незавидна состојба. На ГТЦ му е потребна реконструкција од темел, а не камуфлажа со гранчиња.

Кога зборуваме за реконстуркција на ГТЦ, кревате раменици и се прогласувате за ненадлежен, за ова ли го браневте ГТЦ со жив ѕид, за поставување на неколку стебленца, гранки, фонтани и угостителски објект на кровот на иститот објект сепак сте надлежен? Ако ГТЦ не е под надлежност на град Скопје, зашто тогаш сте ветувале проект на нешто за кое град Скопје нема ингеренции, а иститот сега нема проблем да го реализирате?

На ова прашање градоначалникот Петре Шилегов, дојде подготвен со две проекции од евентуалниот изглед на ГТЦ доколку беше опфатен со проектот „Скопје 2014“ и објасни колку ќе ги чинело таквата градба и го правдаше проектот особено затоа што е поддржан од страна на УНДП, во продолжение на своето излагање тој продолжи да зборува за проектот „Скопје 2014“ и да ја критикува претходната локална, но и централна власт и нафрли дека Трајановски бил против „Зелениот кров“ само за да искритикува нешто на кое сите му се радуваат и сметаат дека е за доброто на градот.

На ова Трајановски му реплицираше, почитуван градоначалник, утврдивме веќе дека сте алергични на стиропор, но не утврдивме што е разликата помеѓу стиропорот и вашите гранчиња за камуфлирање. Јас не сум против зелениот кров на ГТЦ, само сметам дека ако сакате да направите нешто за општото добро на Скопје и неговите граѓани потребна е реконструкција од темел а не да го камуфлираме кровот или дел од крвот, а ако сакате да знаете кој е против еве ќе ви кажам, Асоцијацијата на Архитекти е против, а вашиот проект го нарече детска работа и од оваа гледна точка дали станува збор за стиропор или гранчиња, намената е иста, камуфлажа и ништо повеќе.
Извор Инфомакс

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here