Трамп го обвини ФБИ: Поради вашата опседнатост со Русија, направивте пропуст во Флорида, нападот можеше да биде спречен

451
0
SHARE

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го искритикува ФБИ бидејќи ги пропуштило сите сигнали, за масакрот што беше извршен во училиште на Флорида. Од друга страна, Трамп наведе дека службата потрошила премногу време во обидите да докаже дека Русија била вмешана во претседателските избори.

Трамп му порача на Федералното истражно биро да се врати на својата работа и Американците да се гордеат со нивните успеси.

Во средно училиште во Флорида, 19-годишниот Николас Круз, поранешен ученик во училиштето, изврши вооружан нашад и започна да пука по учениците во ходниците. Во нападот беа убиени 17, а повредени 15 лица.

ФБИ минатиот месец добило дојава дека малолетникот од Флорида има желба да убива, дозволен пристап до оружје и веројатно подготвува напад.  Агенцијата соопшти дека нејзините агенти не спровеле истрага по дојавата.

Гувернерот на Флорида, Рик Скот, го повика директорот на ФБИ да поднесе оставка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here