Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер објави дека ја откажал посетата на Светскиот економски форум во Давос поради делумна блокада на владата.
Тој треба да оди во Швајцарија на 21-ви јануари.
Трамп изјави дека патувањето е откажано поради “несигурноста” на демократите околу граничната безбедност, бидејќи американскиот претседател и демократите се во тешка позиција да го финансираат ѕидот кој Трамп сака да се гради на границата со Мексико.
Претседателот на Соединетите Американски Држави им упати “топли честитки и извинување” на форумот.
Учеството на министерот за финансии во Давос Стивен Мнучин и другите министри не се откажани.
Откажувањето на Трамп доаѓа откако функционерите во Давос го одобрија протестот на младите социјалисти против Трамп и другите учесници на форумот.
Властите не одобрија сличен протест минатата година, кога Трамп присуствуваше на елитниот собир, наведувајќи ги силните снежни врнежи.
За време на форумот од 22 до 25 јануари, ќе има големи безбедносни мерки.