Трамп прогласи вонредна состојба во САД

355
0
SHARE

Американскиот претседател Доналд Трамп самиот ја потврди информацијата дека прогласува вонредна состојба со вел да го изгради ѕидот на јужната граница.

Неговиот главен опонент , претседателката на Претставничкиот дом , Ненси Пелоси изјави дека ваквата одлука е голема злоупотреба на претседателската функција.

“Ќе потпишам проглас за вонредна состојба”, изјави Трамп повторувајќи го тврдењето дека ѕидот кон Мексико ќе ја спречи нелегалната трговија со дрога , влез на криминалци и трговија со луѓе.

“Секој знае дека ѕидовите помагаат”, додал амариканскиот претседател .

Со прогласувањето на вонредната состојба, тој ќе може без оглед на буџетот да располага со сите 6 милијарди долари, колку што најави дека ќе бидат потребни за изградба на ѕидот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here