Трамп заминува, денеска инаугурација на Џо Бајден

78
0
SHARE

Џозеф Бајден денеска точно напладне по амриканско време ќе положи свечена заклетва со што официјално ќе стане 46тиот претседател на САД.. Денешната инаугурација ќе биде поинаква од претходните поради па-ндемијата и сmpaвот од нови нanaди на еkcmpeмисти. За разлика од минатото кога тревникот пред Капитол беше преплавен од симпатизери кои во живо ја следеа церемонијата, денес центарот на демократијата е под целосна oncaда на apмијата.

Пентагон распореди 25.000 војници од националната гарда со цел зајакнување на безбедноста на настанот откако ФБИ предупреди за можни mepopистички нanaди.

Во пресрет на неговата инаугурација, новиот претседател Џозеф Бајден заедно со потпретседателката Камела Харис доцна синоќа во Вашингтон пред меморијалот на Линколн присуствуваа на комеморација за жpmвите на кopoнавиpycот .

Трамп ќе биде првиот претседател во заминување во последниве 150 години што нема да присуствува на инаугурацијата на наследникот. Од Белата Куќа соопштија дека Трамп со сопругата Меланија ќе го напушти Вашинтон 4 часа претходно. На инаугурацијата се очекува да присуствуваат потпретседателот Мајк Пенс и поранешните американски претседатели Бил Клинтон, Џорџ Буш и Барак Обама.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here