Трка со магариња и коњи во село Стојаково

289
0
SHARE

Богданското село Стојаково е пример дека традицијата што грижливо се негува и чува, трае навистина долго. Пример за тоа е трката со магариња и коњи, што денеска се одржа по 68. пат.

Трката се одржува секогаш на 1 мај, а почна да се организира од далечната 1951 година.Токму по нејзината атрактивност селото стана познато и за Денот на трудот почна да привлекува голем број домашни и странски гости кои во Стојаково секогаш ќе бидат добродојдени, велат од Советот на месната заедница, што е организатор на настанот.

Покрај трката со магариња и коњи, последната деценија настанот се збогати со трки на 100 и 3.000 метри во женска и машка конкуренција, скокање со вреќи, трка со велосипеди и влечење на јаже.

За најдобрите тројца натпреварувачи во секоја категорија, организаторите обезбедија скромни награди што ќе ги потсетуваат за нивниот придонес во одржувањето и негувањето на седумдецениската традиција во Стојаково.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here