Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 18.55 часот на подрачје на Аеродром при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, утврдено е дека објектот работи по дозволеното време и во него имало шест гости.
При контролата околу 19.00 часот се лишени од слобода Б.Т.(60) и И.Д.(34) двајцата од Скопје, бидејќи истите не ги почитувале наредбите на полициските службеници да го напуштат објектот. Приведена е и Л.М. (55), одговорно лице во објектот.
По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од полицијата.