МАВРОВО: Царевец Планинарски Дом место каде може да побегнете од секојдневието

510
0
SHARE

За сите љубители на планината и планинските спортови, им го препорачуваме „Mountain Hut Carevec / Царевец Планинарски Дом

Овој објект се наоѓа во националниот парк Маврово, а како што велат сопствениците, лесно се наоѓа! А како? Секако со Google Maps. Објектот располага со 15 легла, од кои 12 во „дормитори“, три во приватно студио, а може да се постават бесконечен број на шатори.

Со задоволство ви го препорачуваме местото, од причини што самите сопственици коишто работат со него, се пример за тоа како треба да функционира менаџментот на секој сместувачки капацитет во државата. Друштвени, комуникативни, млади и образовани. Владимир и Соња велат дека ова професија треба пред се да ја сакаш и да живееш со неа, а таа сама по себе ќе се развива во позитивна приказна.

Тие велат дека цел на постоењето на ваков #дом е да ги запознаат гостите кои се претежно странски туристи, со нашата културата, традицијата и историјата. Советите за тоа како да се помине квалитетно време во националниот парк Маврово ќе ги добиете од нив, бидејќи како што велат и самите на Маврово има постојано што да се прави.

Владимир вели дека тие го живеат Маврово 365 дена во годината, според него само така ќе може да понудат квалитетна услуга на гостите. Во зависност од сезоната може да се ужива во скијање, планинарење, планински велосипедизам, кајакарење, јавење коњи и друго.

Предноста при посетата на „Царевец планинарскиот дом, е тоа што, домаќините ја подготвуваат традиционалната храната од локални свежи производи.

И двајцата се обучени планински водичи, а Владимир е исто така лиценциран ски инструктор според интернационални ИСИА стандарди.

Тие велат дека нивното постоење во НП МАВРОВО е атракција сама по себе, доволно за да се одлучи еден турист своето време за одмор да го помине заедно со нив и со тоа што имаат тие да го понудат.

Извор Кајак.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here