Целосен автопат од Софија до Белград до крајот на 2021 година

111
0
SHARE

Бугарскиот премиер Бојко Борисов му ветил на српскиот претседател Александар Вучиќ дека до крајот на оваа година автопатот меѓу Софија и Белград ќе биде целосно изграден.

Двајцата лидери се слушнале телефонски за да си ја честитаат новата година и разговарале за инфраструктурното и енергетското поврзување. Тие заклучиле дека добрососедските односи се одлични и пријателски во сите области од заеднички интерес, соопшти прес-службата на бугарската влада.

Бугарскиот премиер му се пофалил на Вучиќ дека половина година порано од предвиденото во договорот, во ноември минатата година била изградена првата делница од 17 километри на автопатот „Евpoпа“ меѓу Драгоман и Сливница, а другата ќе биде завршена до крајот на оваа година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here