Тунискиот министер за здравство поднесе оставка по смртта на 11 новороденчиња

262
0
SHARE

Тунискиот министер за здравство, Абдерауф Шериф, поднесе оставка откако единаесет новороденчиња починале од септички шок во родилиштетот во главниот град Тунис.

Сите бебиња починале меѓу 7-ми и 8-ми март од последици од септички шок во туниското родилиште „Рабта“, објавија локалните медиуми.

Премиерот Јусеф Шехад изјави дека е отворена истрага против јавната болница „Рабта“, против фармацевтските тела и за хигиенските услови во болницата. Министерот за здравство, Абдерауф Шериф, оставката ја поднесеува само четири месеци откако стапи на должноста.

Во објавата на Facebook, Туниското здружение на педијатрите напиша дека инфекцијата можела да се случи преку инфузијата. Здружението ги повикува властите да го расветлат случајот и ги критикува „несоодветните услови во кои работат здравствените работници“.

Туниското јавно здравство се смета за едно од најдобрите во северонафриканските држави, а медицинскиот туризам беше и сѐ уште е извор на значителни приходи на оваа земја.

Меѓутоа, откако во 2001 година во ткн Арапска пролет или „Револуцијата на јасмините“ со поддршка на Западот од страна на либерални но и екстремно конервативни исламистички сили, беше соборен деценискиот претседател Зине ел-Абидин Бен Али, здравствениот систем беше нарушен со финансиски и проблеми во управувањето, а недостигот од лекови станаа чести, што претходно беше непознато.

Извор Нетпрес

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here