Турција го поздрави ратификувањето на Преспанскиот договор

381
0
SHARE

„Изразуваме задоволство за ратификувањето на Преспанскиот договор кој го решава ова прашање, кој првин беше ратификуван во Собранието на Македонија, а потоа во грчкиот Парламент“, рече Аксој.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој, рече дека неговата земја го поздравува ратификувањето на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, пренесува Anadolu Agency (AA).

Аксој писмено одговори на прашање во врска со оваа тема.

Аксој нагласи дека од независноста на Република Македонија, Турција ја признала оваа земја под нејзиното уставно име, и дека прашањето за спорот за името веќе околу 27 години претставува пречка пред процесот за членство на Македонија во НАТО и Европската Унија (ЕУ).

„Изразуваме задоволство за ратификувањето на Преспанскиот договор кој го решава ова прашање, кој првин беше ратификуван во Собранието на Македонија, а потоа во грчкиот Парламент, со разбирање дека е отстранета пречката пред членството на Македонија во НАТО и ЕУ“, додаде Аксој.

Пратениците во грчкиот парламент гласаа вчера за Преспанскиот договор кој предвидува менување на името на Македонија во „Република Северна Македонија“.

Во грчкиот Парламент има 300 пратеници, од нив 153 пратеници гласаа „за“, 146 гласаа „против“, додека еден пратеник беше воздржан.

Овој Договор од грчкиот парламент помина со гласовите на сите 145 пратеници на владејачката „Сириза“ и со поддршка на осум пратеници од другите партии.

Со ратификување на договорот во грчката страна, и двете земји ги исполнија своите обврски, со што се отвора патот на Македонија со името „Република Северна Македонија“ официјално да стане 30-та членка на НАТО.

Договорот за решавање на спорот за името со Грција (Преспански договор), во јуни минатата година, во Преспа, го потпишаа владите на Македонија и Грција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here