Турција: Oвца роди 6 јагниња

354
0
SHARE

На земјоделската фарма во местото Ѓокхојуќ во Турција, која потпаѓа под Генералната дирекција за земјоделски претпријатија (TİGEM) на град Амасја, една овца роди 6 јагниња, јавува AA.

На земјоделската фарма во Ѓокхојуќ, една овца од родот Бафра роди 6 јагниња, додека други две овци од истиот род родија петорки. Јагнињата се префрлени во специјално одделение, каде што лицата од фармата ги хранат со бебешко шише.

Ветеринарниот техничар Зеки Булут изјави дека многу ретко се раѓаат јагниња шесторки, истакнувајќи дека дежураат 24 часа и секој час се следи здравствената состојба на јагнињата.

Булут информираше дека овците од родот Бафра имаат голема плодност и даваат големо количество млеко. Тој рече дека често се среќаваат со раѓање на тројки, но случаите на шесторки се многу ретки.

„Во периодот на раѓање, 60 до 70 отсто од новородените јагниња се близнаци, околу 10 отсто се тројки, а секоја година, можеби ретко, но имаме случаи на петорки и шесторки. За среќа, сите новородени јагниња петорки и шесторки оваа година се живи и здрави и досега немаме никакви загуби”, вели Булут.

„Минатата година ми починаа јагнињата петорки. Оваа година повторно имаме петорки, дури имаме и шесторка. Нас најмногу нѐ прави среќни фактот дека сите јагниња се здрави и живи. На фармата дежураме 24 часа, следејќи ја здравствената состојба на јагнињата. Кога нивната мајка нема да има доволно млеко за да ги прехрани сите јагниња, ние ги храниме со бебешко шише“, раскажува тој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here