Убиство во Чаир

565
0
SHARE

Синоќа околу 22:30 часот во Единицата за информации и команда било пријавено дека на ул.Лазо Трповски, кај маркетот Принц имало пукотници и има повредени лица.

По дознавање за настанот, од страна на полициски екипи од СВР Скопје е излезено на лице место. Утврдено е дека настанот се случил во 22:20 часот во непосредна близина на чајџилницата „Диселдорф“, И. А. (37) од с.Блаце, Скопје починал на лице место, а повреден е Ќ. Л. (52). од Скопје.

Пред настанот, И.А. и Ќ.Л. биле во чајџилницата „Диселдорф“ и кога излегле од таму влегле во возило марка Пасат, кое било паркирано во непосредна близина на чајџилницата, а е сопственост на М.С.. И.А. бил на возачкото место, а Ќ.Л. на совозачкото. Откако го стартувале возилото и се придвижиле во насока од ул.Лазар Трповски во правец кон ул.„Втора Македонска Бригада“, од непосредна близина од страната на возачот (сега починатиот) непознат сторител со употреба на огнено оружје испукал единаесет куршуми во правец на возилотo, при што со неколку куршуми смртно го застрелал И.А., а со еден куршум го ранил Ќ.Л. во левото рамо, по што сторителот избегал.

Повредениот Ќ. Л. е пренесен во Ургентен Центар при Клинички центар „Мајка Тереза“. Увидот е извршен од страна на ЕУМНА при СВР Скопје во присуство на дежурниот јавен обвинител. Од лице место подигнати се 11 чаури и предметното возило за крим техничка обработка и истите ќе бидат предмет на вештачење, додека од починатиот одземени се мобилни телефонски апарати, облеката и други лични предмети, земена е парафинска ракавица и истите ќе бидат предмет на вештачење.

Телото на починатиот по наредба на дежурен јавен обвинител е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина. Во соработка со Основното јавно обвинителство се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во јавноста се шпекулира дека причина за убиството се критикикте упатени кон претеникот од ДУИ,Ејуп Халими. Наводно Халими ја злоупотребил довебата и изиграл заеднички пријатели кои ги имал со Арифи, како и превземањето на извесна веренеца на нивен заеднички пријател за што и непосредно пред убиството напишал статус на својот профил на Фејзбук и јавно го прозвал Халими. Арифи и во минатото јавно ја критикувал политиката на ДУИ како и претседателот Али Ахмети, обвинувајки го дека целсно ја запоставил Албанската кауза и е виновен за изигрувањето и манупулирањето со членови на УЧК. Арифи важи за еден од поистакнатите членови и активисти на СДСМ во Чаир.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here