Едно лице е убиено пред околу еден час во Тетово, спроти градската клиника.
Жртвата е средовечен маж, кој според информациите од теренот поседувал слаткарница во Тетово. Полицијата е на терен и се уште врши увид на местото на настанот.
Неофицијално, се работи за нерасчистени лихварски долгови. Официјални информации од МВР очекуваме во текот на утрешниот ден.
Пренесува 1ТВ.