Ученички од Скопје на екскурзија зеле екстази, завршиле на Токсикологија

411
0
SHARE

Од Клиниката за токсикологија вчера во 12.28 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив биле донесени две четиринаесетгодишни ученички од основното училиште од Скопје.

По преземени мерки било утврдено дека истиот ден околу 11 часот во скопското село Дељадровци за време на училишна екскурзија двете ученички се однесувале агресивно и почнале да губат свест, по што била повикана Итна медицинска помош.

Тие изјавиле дека консумирале таблети, најверојатно екстази, кои ги криеле во облеката.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here