Од УХМР известуваат дека денес ќе бидеме под влијание на студен и влажен бран од северозапад, така што времето ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од дожд. На повисоките места и на планините ќе врне снег.
Попладне постепено врнежите се очекува насекаде да поминат во снег и на повеќето места ќе се формира снежна покривка. Пообилни врнежи ќе има особено во источните и североисточните делови каде локално можно е да наврнат над 10 см снег. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.
И во вторник ќе биде студено и ветровито, претпладне на истокот сеуште има услови за повремен слаб снег.
Во среда ќе има преодна стабилизација, а в четврток се очекува нов влажен бран.