Улиците „Бихаќка” и „Црниче” затворени за сообраќај во наредните 24 часа!

313
0
SHARE

Град Скопје информира дека утре ќе продолжи асфалтирањето на дел од улиците „Бихаќка” и „Црниче”, на потегот од улицата „Фредерик Шопен” до подвозникот. Поради тоа, овој дел од улицата ќе биде затворен, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.

Посочената делница ќе биде затворена за сообраќај 24 часа.

Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here