Унгарија и Полска: Нема да примиме илегални имигранти и соработката помеѓу нашите земји станува се посилна

379
0
SHARE

Во време на зголемување на заканите од страна на ЕУ, Полска и Унгарија повторија дека нема да прифатат илегални имигранти.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Питер Сиџарто, го повтори ставот на двете земји по состанокот со полскиот министер за внатрешни работи, Јоаким Бруџински.

Сиџарто рече: “Како што се зголемуваат притисокот, уцената и ултиматумите, унгарско-полската соработка и довербата за прашања поврзани со миграцијата станува сè посилна и постабилна”.

Тој додаде дека двете земји нема да прифатат ниту еден план на ЕУ “кој содржи конкретни или апстрактни предлози за прием или дури и референци за квотата за раселување и населување н мигранти”.

Претходно оваа недела белгискиот премиер Чарлс Мишел се закани со ултиматум против Унгарија поради антимиграцискиот став на земјата. Унгарскиот премиер Виктор Орбан одговори дека ќе продолжи да “се бори против оние кои сакаат да го променат христијанскиот идентитет на Унгарија и Европа”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here