Уште три дена за потписи за претседателски кандидати

318
0
SHARE

Трката за претседател на државата најверојатно ќе остане на три кандидати, бидејќи многу мали се шансите на Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река да им се придружи уште некој од заинтересираните кандидати за наследник на Ѓорѓе Иванов што собираат потписи.

На три дена до крајот на рокот, за Филип Петровски се потпишале 1.288 граѓани, за Димче Петровски – 489, за Господин Попоски – 17 и за Јосиф Мирчевски – осуммина. За да влезат во трката за Водно, потребни се минимум 10.000 потписи.

Пендаровски доби поддршка од шеесетина пратеници во Собранието, но најави дека ќе собира потписи. Силјановска и Река го завршија тој дел од задачата во само еден ден.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here