Условите во стационарот „Вардариште“ се под сите стандарди

467
0
SHARE

Работната група за следење на состојбата во работата на стационарот за хуман третман на уличните кучиња „Вардариште“ што беше составена од страна на Градот Скопје, денеска го презентира извештајот за следење на состојбата во работата на стационарот. Увидот покажал дека објектот е под сите стандарди за згрижување кучиња и неопходни се итни мерки за подобрување на состојбата.

„Стационарот е сместен на тешко пристапна локација, во исклучително запуштена и валкана околина. Објектот е стар, неодржуван и речиси руиниран, грубо адаптиран за намената што ја извршува и неопходни се низа итни интервенции и мерки за оспособување на деловите и просториите што се користат. Животните што се заловуваат и носат во стационарот се сместувани во мизерни услови, запоставени, изнемоштени, трауматизирани, валкани, кои не можае да се удомат. Во услови во какви што е затекнат стационарот, тој е крајно непријатно место за посетување, што e само една од причините поради кои речиси никој потенцијален удомувач на куче не би го посетил стационарот и не би удомил миленик“, е наведено во извештајот на работната група на Град Скопје.

Во извештајот се наведени и мерките што треба да се преземат за надминување на лошите услови во стационарот. Меѓу нив се реновирање на просториите за прием и боксовите за сместување на кучињата, реновирање и адаптација на просториите за преглед и медицински третман на кучињата, подобрување на хигиенските услови, поставување термичка изолација, систем за греење и ладење, одвојување и опремување на боксовите за кучињата со легла, поставување видеонадзор, набавка на нова опрема за заловување, изработка на регистар кој ќе биде јавно достапен за секое животно што ќе биде донесено во „Вардариште“, уредување на надворешниот дел со цел рекреација и социјализација на кучињата, како и асфалтирање на патот до стационарот.

Членот на работната група од Советот на Град Скопје, Васко Лазаревски, најави дека во буџетот на Градот за в година се превидени 10 милиони денари за реализирање на мерките предвидени со извештајот во насока на севкупно подобрување на условите во стационарот „Вардариште“.

Комплетниот извештај на работната група е објавен ТУКА!

Работната група е формирана со решение од градоначалникот Петре Шилегов. Составена е од 5 члена, односно од еден советник во Советот на Град Скопје, вработен во Секторот за комунални работи на Град Скопје и по еден претставник од  здружението за заштита на животните „Анима мунди“, граѓанската иницијатива „Кане Корзо“ и од Асоцијацијата на активности за правата на животните.

извор: www.skopje.gov.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here