УТРЕ ДЕЛОВИ ОД ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ВОДА

47
0
SHARE

Поради реконструкција на водоводна мрежа Ф80мм.на улица „Васил Ѓоргов” бб.пред влезот на катната гаража „Зебра”, без вода во текот на утрешниот ден ќе бидат корисниците од ул.„Васил Ѓоргов” број 18 и 20 и улица „Народен Фронт” од број 5 до 21.

Прекин на водоснабдувањето утре ќе имаат и корисниците од булевар „Асном” ниска зона во општина Аеродром.

ЈП „Водовод и канализација” – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради уличен водоводен дефект Ф-200мм на улица „Февруарски Поход”.

Корисниците ќе бидат без вода од 9:00 часот се до завршување на активностите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here