Утре е голем и тежок празник: „Благовец, прв Велигден“

676
0
SHARE

Свето Благовештение – Благовец

Празник на радосната вест и на пролетната убавина

Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. се смета за тежок празник. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели:.

Именден празнуваат: Благоја, Блаже, Благојка, Благица, Блага, Благун ….

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. и се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица итн.

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, но некои го сметаат и за празник Господов. „Празникот Благовештение на Богородица е воедно и Господов и Богородичен празник. Господов е бидејќи се однесува на Христа Господа, Којшто беше зачнат во утробата на Богорица, а Богородичен е бидејќи се однесува на онаа личност којашто придонесе за зачнувањето и вочовечувањето на Логосот Божји, т.е. се однесува на Пресвета Богородица“. Учењето за Богородица и учењето за Исус се неразделно поврзани зашто „кога зборуваме за Христа, не можеме да ја превидиме таа што Му даде тело, а кога зборуваме за Богородица, истовремено се осврнуваме и на Христа, зашто таа од Него црпи благодат и значаење“. Повеќе аспекти од чинот на Благовештението заслужуваат посебно внимание. Пред сè тоа единството на природното и натприродното во тој чин. „Тоа покажува дека зачнувањето и носењето во утробата, но и раѓањето Христово, се случија природно и натприродно. Натаприродно затоа што се случи творечки од Пресветиот Дух, а не со семе. Природно, затоа што носењето во утробата беше исто на начинот на којшто се носи младенец во утробата“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here