Утре сите На Точак, Подобри закони за поубави градови

542
0
SHARE

Намалување на широчината на коловозните ленти, задолжителен минимален број на паркирни места за велосипеди за различен тип на објекти, задолжително велосипедско паркиралиште за секој новоизграден објект, утврдување на правила за поставување на урбана опрема како канделабри, корпи за отпадоци, контејнери, воведување на категориите велосипедска улица и пат во законите, усогласување на правилници и закони… Ова се само дел од предлозите кои на 30 март неформалните групи НаТочак – Скопје заедно со Битола НаТочак, Прилеп НаТочак, Гостивар НаТочак и Штип НаТочак ги испратија до Комората на инженери и архитекти, по нивниот повик до членовите-инженери.

Комората, заедно со повеќе други институции е дел од интерресорското Координативно тело формирано од страна на Владата, за промена на планерската и градителската легислатива, со цел истата да се осовремени и да одговори на новите предизвици на времето, но и на уставните определби за хуманизација на просторот. Ова тело треба да ги земе предвид поднесените предлози и врз основа на нив да изготви текстови за измена на актите.

За овие предлози ќе се разговара на априлската „Критична маса“ во пет градови во Македонија, а ќе се одржи во среда во Скопје, Штип и Прилеп, во четврток во Битола и во недела во Гостивар. На ова издание на „Критична маса“ велосипедистите ќе возат под слоганот „Подобри закони за поубави градови. Поддршка за промените“.

Според иницијативата, поднесените предлози, составени согласно светските препораки и искуства се во насока на значително зголемување на безбедноста во сообраќајот и кон подобрување на квалитетот на живот во градовите и општо, населените места. Поради тоа, овие пет неформални групи бараат нивното разгледување да биде сфатено сериозно и земено предвид при дефинирање на измените. Воедно, На Точак ги поканува сите велосипедисти да се приклучат на утрешното скопско издание на „Критична маса“, 72-ро по ред, со заедничко возење со почеток во 17.30 часот, од Плоштад Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here