Утрово најстудено во Битола -18 степени

257
0
SHARE

Со измерени минус 18 степени најстудено утрово беше во Битола. Под нулата се измерени и во -11 Прилеп, -10 Струмица, -9 Демир Капија, -8 Штип и Куманово, -7 Скопје-Зајчев Рид, -6 Крива Паланка, Охрид и Претор, -3 Гевгелија и нула во Дојран.

Во текот на денот се очекува максималната температура да се движи од минус еден до девет степени.

Снег најмногу има во Маврово 57 сантиметри, 37 Лазарополе, 32 Тополчани, 27 Битола, 26 Охрид, 19 Тетово.

И претпладнево во земјта е ведро и студено, наместа со појава на умерена облачност. Дува слаб западен ветер. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец .

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до четири степени.

Утре и за време на викендот ќе преовладува облачно време со магла по одделни котлини. Во крајните западни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат од вторник.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here