Уважена жалбата на aктерот Владо Јовановски, од денес во домашен притвор

471
0
SHARE

Aктерот, Владо Јовановски, кој повеќе од два месеца беше во притвор поради настаните во Собранието од 27-ми април минатата година, излегува од затворот во Шутка. Имено, кривичниот совет на скопска Апелација одлучил да ја прифати неговата жалба и мерката да ја ублажи со куќен притвор.

Од друга страна, пратеникот на ВМРО–ДПМНЕ, Крсто Мукоски, останува во притвор во Шутка. Апелациониот суд го одби неговото барање мерката да му се ублажи со куќен притвор. Пред апелационите судии Мукоски се пожали дека сериозно му е нарушено психичкото здравје и истакна дека не планира да бега.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here