Ванчо Узунов: Платите нема сами по себе да се покачат со членството во НАТО

253
0
SHARE

Зоран Заев тврди дека со членството во НАТО граѓаните економски ќе живеат подобро, но неговиот советник, професорот Ванчо Узунов во емисија соопшти дека Македонија економски нема да добие ништо од воената алијанса. Советникот на премиерот Зоран Заев потенцира дека секој треба сам за себе да се избори, а не да чека нешто да се случи за да има економска придобивка.

Ништо НАТО нема да ни донесе, ние треба да си оствариме. Значи не може современ развој да биде чекање, некоја трик карта, некое членство и ние ќе се развиеме. – рече Узунов.

Заев тврдеше дека „членството во НАТО за нас значи мир и стабилност и е најсилна гаранција за нашата безбедност. Веруваме дека тоа ќе донесе подобар живот за нашите граѓани, како на политички, така и на економски план. – рече Заев за време на средбата со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Узунов, пак, вели дека платите нема сами по себе да се качат со членството во НАТО.

Нема сами по себе да се качат платите. Ние треба да работиме, изјави советнкот на Заев.

Во емисијата гостуваше и поранешниот министер за финансии Никола Поповски кој со доза на сарказам го коментираше ветувањето на Заев дека платите ќе пораснат на 500 евра.

Извор Република

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here