„Вечер“: Дрисла под концесија на луѓе со криминално досие за тендери и депонии на опасен отпад

347
0
SHARE

Не е веќе само страв и сомневање, туку сериозна индиција дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов овозможил влез на сомнителен конзорциум под покривот на германската фирма Шолц да добие концесија за работа со скопската депонија Дрисла зад кој договор за концесија се кријат луѓе од Хрватска со нивни партнери од Македонија кои се гонети за криминал – токму во врска со тендери и преработка на опасен отпад, анализира „Вечер“.

Македонија и досега имала проблеми со опасен отпад увезуван без детална контрола, како на пример акумулатори, а отсега ќе го има покрај Скопје со ризик за околу 700.000 граѓани на перстолнината и околината.

Одлуката за концесијата ја донесува Петре Шилегов, и самиот оптоварен со коруптивни сканадали уште од деновите кога водеше комисија за јавни набавки во време на владата на СДСМ Црвенковски-Бучковски, па се до наглото збогатување и купување станбени простори токму кога СДСМ ги доби на располагање прислушкуваните разговори и почна со нивното објавување од 9. февруари 2015 година, пишува порталот.

Корумпирани партенери од Хрватска со компромитиран градоначалник на Скопје во бизнис кој се смета за рудник на нелегални пари преку ризична преработка на опасен отпад – е состав на кој треба да се отворат четири очи и да се гледа со страв од радиклано, опасно зголемување на загаденоста на Скопје и околината.

А скандалите за корупција на Шилегов, освен спомнатите, се бројни: Од скандалот за тендер со компанијата Брилијант, скандал со партиски вработувања, за крадење гранитни плочи користени за неговата викендичка во Маврово. серија скандали со јавните набавки и тендери за градот Скопје…

Накусо, биографијата на Шилегов и оние кои ја добиле концесијата за Дрсила е збир на скандали. Овојпат, нивните навики Скопје и околината освен со пари ќе треба да ги плаѓаат со здравје и со живот.

Целата обемна анализа, прочитајте ја на ВЕЧЕР.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here