Вечерва избор на десетте најсупешни жени менаџерки

277
0
SHARE

Лауреатки се од приватниот сектор, од компании од различни области и дејности и најчесто се препорачани од нивните деловни колеги и партнери.

Годинашни лауреатки се: Даниела Адемоска, сопственик и генерален менаџер во Double Tree by Hilton – Скопје, Наташа Ангеловска, генерален менаџер на Тродат-Тромак – Скопје, Маја Ацески, продукциски и извршен менаџер на „Златекс“ – Скопје, Ивана Ѓоргиевска Матевска, оперативен директор на ХАСЕЛТ – Скопје, Марија Секуловска Митревска, генерален менаџер на „Бага Фоод“ – Битола, Даниела Карадаков, директор на Бизнис-академија Смилевски (БАС) – Скопје, Јасна Ажиевска Петрушева, административен извршен директор на Мермерен комбинат АД Прилеп – Прилеп, Викторија Рафајловска, генерален менаџер на „Викторија Боб ДОО“ – Гостивар, Нина Шерифовска, извршен директор на „Парк резиденс“ – Скопје и Ирена Минева, полковник – командант на Воено-медицински центар – Скопје, АРМ.

Најавено е годишаните лауреатки да ги поздрави Зорица Апостолска, министер без ресор задолжена за странски инвестиции во Владата.

Манифестацијата ја афирмира жената во бизнисот како успешен менаџер и го потврдува развојот на женското менаџерство во оваа долга традиција, а истовремено претставува и поттик за младите генерации образовани жени.

Агенцијата „Марили“ и годинава петти пат ќе го организира тематскиот ден „Дама-да-Здравјето и убавината во функција на современата жена“.

Тематскиот ден под слоганот „Дама-да-Донира“ ќе се одржи на 30 март во Домот на АРМ и годинава има хуманитарен карактер. Средствата од секоја купена влезница за тематскиот ден ќе бидат наменети за Специјалниот завод во Демир Капија, што е поддржано од Министерството за труд и социјална политика.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here