Верушевски ја расипа калимерата со Заев: Власта упадна во неговото казино (видео)

884
0
SHARE

Експретседателот на градската организација на СДСМ, Љупчо Палевски, на својот Фејсбук профил објави информација, во која наведува дека при крајот на минатиот месец, полицијата по наредба, како што вели, на Оливер Спасовски и Зоран Заев упаднала во казиното „Кинг Игл“ во Струга сопственост на Александар Верушевски син на Зоран Верушевски, без никаква причина.

Видеото на фејсбук го сподели и Верушевски, веројатно мислејќи дека тој треба да биде целосно заштитен од влез на УЈП во неговата фирма. Според тврдењето на Палевски, полицијата имала наредба од Спасовски да предизвика хаос во казиното, а акцијата ја водел лично советникот на министерот за внатрешни работи Даме Лозанкоски, кој имал и асистенција од УЈП. Според Палевски, полицијата и УЈП биле заинтересирани за се освен за дејноста на казиното, како што вели, се работи за „тајна екипа“ на Заев преку која ги држи под контрола луѓето кои би можеле да претставуваат закана за неговата власт.

Палевски заклучува, дека синот на Зоран Верушевски е, како што вели, човек кој го направи Заев човек, го издигнал на ниво премиер од соработник.

Минатиот месец 25 Февруари, во 23,30 поточно пред само 4-5 дена изненадно и невообичаено, МВР и УЈП упаднаа ревносно и б…

Posted by Љупчо Палевски on Thursday, March 1, 2018

Нешто подоцна и Палевски и Верушевски го споделија видеото од јутуб, на кој се гледа како контрола на УЈП влегува во казиното.

Минатата недела, Александар Верушевски на својот ФБ профил објави неколку текста во кои ги обвини СДСМ за непринципиелност и „забивање нож во грб“, додавајќи дека „кратко ќе им трае власта“.

„Порасипани луѓе од овие, повалкани, поискварени ѓаволски ситни души, досега немало, пишува на фејсбук синот на Зоран Верушевски, Александар Верушевски, тој во повеќе наврати на фејсбук пиша дека е крај со СДСМ. Верушевски на друга своја објава на фејсбук пишува дека наскоро на сите ќе им биде јасно зошто немаме систем, зошто не функционира правната држава, зошто нема однос према поединецот и зошто се прокоцкале.“ – напиша минатата недела Верушевски.

Тогаш не беше познато која е причината за ваквиот бес кај Верушевски кон луѓето на кои им помогна да бидат власт во државата, но најверојатно причината е токму упадот во неговото казино по наредба на, како што вели Палевски, Оливер Спасовски.

Текстот е превземен од Република.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here