Вишњовача: Ликер од вишни по рецептот на баба ми

406
0
SHARE

За сите вас кои го сакате овој супер ликер, еве рецепт:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 кг вишни
2 кг шеќер
1 литар добра ракија (лозова)

ПОСТАПКА:

Вишните добро измијте ги и исцедете ги. Во тегли од 5 литри редете ги вишните, шеќерот и залијте ги со ракија. Целата оваа количина ја собира во две вакви тегли.
Оставете на сонце 40 дена, со секојдневно мешање за да се растопи шеќерот.
После 40 дена процедете (и не мора) и складирајте во стаклени шишиња. Излегува околу 3-4 литри.

Се пие разладено.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here