Вистината за “здравите” масла

583
0
SHARE

Денешните студии тврдат дека некои од “здравите масла” пченкарно, сончогледово, масло од шафран го зголемуваат ризикот од срцеви болести. Збунети??? Експертот на NHS Choice, Azmina Govindji е регистриран диететичар во Британската Диететска Асоцијација и таа ќе ви помогне да го надградите вашиот маслен IQ.

Маслиново

ЗОШТО Е ДОБРО: Ако би постоел Оскар за масло, тогаш дефинитивно би му припаднал на маслиновото масло. Ова масло содржи висок процент на моно-незаситени масти чија хемиска структура е силна двојна врска со два јеглеродни атоми. Истото не важи за масло од маслинка.

КОРИСТЕТЕ ГО ЗА: Салати и површно пржење.

Сончогледово

ЗОШТО Е ДОБРО: Сончогледовото масло, всушност, содржи висок процент на витамин Е кој е одличен за здрави клетки во телото и за кожата.

КОРИСТЕТЕ ГО ЗА: Пржење и печење.

Кокосово

ЗОШТО Е ДОБРО: Кокосовото масло е препорачливо за се. Може да се нарече “крал” на маслата. Го подобрува имунитетот, го зацврстува имуниот систем да спречи рак. Содржи висок процент на витамин Д кој што е добар за косата и ноктите.

КОРИСТЕТЕ ГО ЗА: Ова масло може да се користи за подготовка на храна, но исто така може да го користите како масло за тело.

Масло од зеленчук

ЗОШТО Е ДОБРО: Маслото од зеленчук, најчесто од репка содржи најмал процент на заситени масти од било кое друго масло и содржи десет пати повеќе ОМЕГА 3 во однос на маслиновото масло.

КОРИСТЕТЕ ГО ЗА: При готвење на висока температура, бидејќи колку да се загрева тоа нема никакво влијание на неговата хемиска структура.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here