Вкупно сто години затвор за четиримината обвинети за убиството на Славко Чурувија

362
0
SHARE

Случајот за убиството на новинарот Славко Чурувија доби судска завршница. Специјалниот суд во Белград денеска ги осуди на максимални законски казни од по 30 и 20 години затвор четиримината обвинети припадници на некогашниот Ресор за државна безбедност, за убиството на познатиот новинар кое се случи на 11 април 1999 година.

Првостепената пресуда која беше изречена денеска се однесува на тогашниот шеф на Ресорот за државна безбедност Радомир Марковиќ, тогашниот шеф на белградскиот центар ДБ Милан Радоњиќ, припадникот на центарот Ратко Ромиќ, како и на Мирослав Курак, кому му се судеше во отсуство поради тоа што е во бегство. Во сметањето на казната на Ромиќ и Радоњиќ влегува и времето кое тие го поминаа во притвор и во куќен притвор. Сега, по изрекувањето на пресудата, и Обвинителството и одбраната имаат право да се жалат пред Апелацискиот суд.

Пресудата за четиримината обвинети е изречена точно дваесет години по убиството и тоа прва пресуда за убиството на новинар, додека останатите убиства меѓу кои на Милан Пантиќ и Дадо Вујасиновиќ се уште не се расветлени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here