Министерот за здравство Венко Филипче распишал тендер за уште 80.000 шишња лубриканти и 150.000 кондоми – откриваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ Филипче наместо терапија за ретките болести набавува 150.000 кондоми и 80.000 лубpиканти. Тие потсетија дека пред само неколку месеци, во октомври, владата набави 20.000 шишиња лубpиканти. Сега преку министерството за здравство се набавуваат 80.000 шишиња подмачкувачи, изјави Маја Славева од ВМРО ДПМНЕ .
Почитувани, здравството е во колапс, граѓаните се оставени да се снаоѓаат кој како знае, нема грижа за децата, нема грижа за возрасните, нема лекови за хронично болните и за лица со ретки болести, нема доктори, скандали секојдневно го тресат здравството. – додава Славева.
Таа додава дека, Филипче и оваа власт се грижат само за лубриканти и кондоми. Ваква неодговорност, вакво самоволие и бесчуствителност е незапаметена.