ВМРО-ДПМНЕ: Дали министерката Нина Ангеловска го повлекла депозитот од 250.000 евра во Еуростандард банка?

191
0
SHARE

Министерката за финансии Нина Ангеловска да одговори што се случи со нејзиниот депозит што го имаше во Еуростандард банка која паѓа во стечај, побара опозицијата.

-Нина Ангеловска кога дојде на позицијата министер за финансии на Република Македонија во својот Анкетен лист пријави дека има депозит во вредност од 250.000 евра во Еуростандард банка. Ангеловска треба да одговори дали и пропаднаа 250 илјади евра, пари од заштеда кои самата ги има пријавено, а ако не се, односно истите ги повлекла, со оглед на фактот што тие пари согласно имотниот лист не ги располага веќе во таа банка, тогаш тоа е огромен скандал. Ангеловска е должна да каже дали имала предвреме информација за таквиот потег – велат од ДПМНЕ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here