ВМРО-ДПМНЕ поднесува интерпелација за Владата в сабота, во вторник се враќа во Собрание

568
0
SHARE

ВМРО-ДПМНЕ в сабота ќе ја поднесе интерпелацијата за работата на Владата, а во вторник пратениците од опозициската партија ќе се вратат на собраниските седници, ова го потврди висок партиски извор за Инфоњуз.

Според нашите извори, текстот на интерпелацијата е подготвен и во тек е потпишувањето на пратениците. Инаку, на текстот треба да се потпишат најмалку 20 пратеници, што не е спорно, бидејќи, како што велат, бројката на потписници сигурно ќе биде поголема. Деловникот предвидува интерпелацијата да се стави на дневен ред на собраниска седница во рок од три дена, што значи за неа ќе се расправа во вторник.

Дискусијата за интерпелацијата трае еден ден, а се гласа на полноќ, без оглед дали има пријавени дискутанти кои не стигнале да добијат збор, а за да помине потребно е да се добијат најмалку 61 глас за недоверба на Владата.

По оваа седница пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат редовно да присуствуваат на седниците.

Интерпелацијата ја најави претседателот на партијата Христијан Мицкоски, според кого, ако се враќа опозицијата во Парламентот, ќе се врати на голема врата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here