По одлуката на судот за продолжување на притворот на Едмонд Темелко за дополнитени 30 дена, ВМРО-ДПМНЕ најави протести со почеток во 19:00 часот пред Владата на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува своите членови, како и сите граѓани и граѓански организации да ја изразат својата поддршка за Едмонд Темелко вечер во 19 часот на собир кој би започнал пред Владата, од каде луѓето би се упатиле пред судот.
Во нивното образложение стои дека Едмонд Темелко е со сериозно нарушено здравје и дека одлуката за притвор е резултат на политички притисоци и нема никаков основ за продолжување на притворот кој преминува во казна наместо мерка за обезбедување на осомничениот.