ОД пратијата ВМРО-ДПМНе денес упатија повик кон сите граѓани да им се приклучат на протест кој е закажан од 16:30 часот пред Министерството за правда.
Протест за правдината! Протест за татковината! Да му ставиме к…
Протест за правдината!Протест за татковината!Да му ставиме крај на реваншизмот и неправедноста која ја гледаме секојдневно!#ЗаМакедонијаНедела, 03.12.2017 година. во 16:30 часот пред Министерството за правда!
Posted by ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО on Saturday, December 2, 2017
Во соопштението стои
– Македонците се борат за своите правдини е дел од нашата химна. Правдината е дел од македонскиот ген, ние секогаш сме се стремеле и бореле за правда. ВМРО-ДПМНЕ го организира овој марш, но ова не е само партиски собир, ова е собир на кој може и на кој треба да се приклучи секој патриот, секој граѓанин, без разлика на нација, вера и припадност, секој човек кој ги осудува реваншизмот, политичкиот прогон и неправдата. Нашиот народ е како пиреј, корни го ништи го, тој пак ќе никне и ќе се исправи! Затоа Биди Пиреј! Приклучи се на Маршот за правдината и за Татковината – стои во соопштението.