ВМРО-ДПМНЕ СЕ ОГРАДИ ОД ВЛАДО ПОПОВСКИ: Неговиот став за договорот со Грција е личен, а не партиски

633
0
SHARE

Откако Владо Поповски рамо до рамо со Камбовски на трибината во МАНУ го истакна својот позитивен став околку договорот за името потпишан во Преспа, многумина останаа запрепастени од постапката на Поповски, кој патем е член на Советот на Град Скопје како претставник од ВМРО-ДПМНЕ. 

Познавајќи го ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на договорот од Преспа, Поповски излезе во јавноста со контра став, по што партијата образложи дека станува збор за индуален став и мислење кој не ги застапува нивните уверувања.

Од ВМРО-ДПМНЕ соппштија:

ВМРО-ДПМНЕ не се изненадени од реториката на Поповски, за кого велат дека е исклучително интелигентна личност, но оти неговите истапи во јавноста се само негов личен став.

„Мораме да кажеме дека е апсолутно активен во работата на Советот на Град Скопје, но во партијата ситуацијата е поинаква, тој никогаш не продискутирал за договорот за името, со него не биле разменувани мислења, така што сè што кажува си е негова лична работа и нема врска со ставот на партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here