ВНИМАНИЕ: Измамници собираат пари во име на хуманитарната оганизација „Свети Спас“

271
0
SHARE

Хуманитарната организација „Свети Спас“, упати апел за внимание, бидејќи измамници собирале пари во нивно име.

„Штотуку дознав дека се појавиле измамници низ цела Македонија, (денес биле во Ајватовци и Тетово), кои одат по куќи и бараат донации во име на нашата хуманитарна организација.

Ве известуваме сите во цела Македонија дека ние не собираме финансиски донации и не сме пратиле луѓе да собираат финансии.

Ве замолуваме, ако некој дојде да побара пари во наше име, веднаш пријавете во полиција и по можност сликајте ги. Ве молам за масовно споделување за да спречиме злоупотреба на нашата хуманитарна организација“, вели во апелот отец Оливер Петровски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here