Во чест на загинатите во “Диво Насеље” ќе се одржи традиционалната меморијална тура „Почесен круг со велосипеди во чест на загинатите припадници на МВР“

282
0
SHARE

По повод годишнината од трагичните настани во кумановско Диво насеље, утре ќе се одржи традиционалната меморијална велосипедска тура „Почесен круг со велосипеди во чест на загинатите припадници на МВР“,на која учество ќе земат околу 150 велосипедисти а на релација Куманово-Гостивар.

Турата ќе започне во 07 часот со старт од бензинската пумпа на „Макпетрол“ на влезот во Куманово и ќе продолжи по автопатот до Скопје, потоа низ градот Скопје и тоа до гробиштата во село Студеничани, „Камник“, преку село Стајковци, кај гробиштата „Бутел“, касарна „Илинден“ и „Ѓорче Петров“, од каде ќе продолжи по автопатот до Тетово – градски гробишта, кон село Брвеница, па во продолжение по автопатот до гостиварското село Зубовце и ќе заврши на гробиштата во Гостивар.

Заради непречено одвивање на настанот, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива велосипедската тура.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here