Во Италија уапсен скопјанец, купувал дијаманти со фалсификувани евра

333
0
SHARE

Скопјанецот С.Д.(34), кого италијанската полиција го барала безмалку една декада поради милионски измами, бил уапсен случајно пред една недела на аеродромот во Милано од каде требало да се качи на лет кон Скопје.

Тој веднаш бил спроведен во истражен затвор, откако судот во Милано му одреди притвор додека трае истрага за кривичните дела за кои се товари.

Според полицијата, првата измама скопјанецот ја извршил во 2010 година, откако стапил во контакт со златар од Германија. Измамникот купувал накит по добра цена и нудел кеш, па Германецот стигнал на аеродромот „Малпенса“ во Милано за да му продаде осум дијаманти и ѓердан од антички дијаманти кои датираат од 1850 година.

Златарот се согласил да ги продаде за 1.400.000 евра. Измамникот му ги покажал парите, спакувани во 70 пакетчиња од по 20.000 евра и му ги дал на Германецот по што си заминал. Набргу златарот сфатил дека парите се фалсифиувани па го пријавил случајот во полиција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here