Во Македонија има 139.009 вработени во Јавниот сектор и администрација

455
0
SHARE

Министерот истакна дека вкрстената анализа на МИОА, Агенцијата за вработување на РМ, Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување покажува дека јавниот сектор на Македонија има 1.299 институции во кои работен однос имаат засновано 128.722 лица.

139.009 вработени во јавниот сектор- објави министерот за информатичко оптество и администрација Манчевски. Министерот истакна дека вкрстената анализа на МИОА, Агенцијата за вработување на РМ, Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување покажува дека јавниот сектор на Македонија има 1.299 институции во кои работен однос имаат засновано 128.722 лица.

Преку агенциите за привремени вработувања во институциите на јавниот сектор работно ангажирани се вкупно 1.624 лица и тие немаат статус на вработени во јавниот сектор и не влегуваат во анализите во овој извештај, вели Манчевски.

Според него, за разлика од бројките заклучно со декември 2016 има намалување на бројот на вработени во јавниот сектор за 951 и по повеќе децении се забележани надолни трендови во вкупниот број на вработени во јавниот сектор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here