Во Маврово е уловен најголемиот балкански рис.

1611
0
SHARE

Мавровскиот рис Б8 треба да добие име! Вака почнува постот на „Фејсбук“ на страницата „Balkan Lynx“ за најголемиот балкански рис што некогаш бил фатен за научни цели.

Рисот, кој викендов бил фатен во близина на селото Сенце во националниот парк Маврово, бил уловен со камерите на повеќе од 12 различни локации во паркот во текот на изминатите шест години. Рисот има 27 килограми и е вистински ѕвер. Сега областа во која тој се движи ќе биде калибрирана со новите податоци од радио-телеметријата и тоа ќе придонесе за подобрување на знаењата за подвидовите.

B8 should get a real name! This resident male for whom we have data since 2013 was caught this weekend in a box-trap…

Posted by Balkan lynx on Tuesday, February 12, 2019

Веќе се добиени првите податоци за неговото движење, а во следните два месеца постојано ќе се следи неговата опашка за да може да се научи нешто повеќе за неговата исхрана и потребите во живеалиштето.

Но, тука е дилемата околу името, а на помош се повикани сите фанови на страницата „Balkan Lynx“ на „Фејсбук“, кои можат да гласаат за следните предлози: Бистри, Филип, Јован, Мујо, Сенко и Вир.

Тука можете да гласате.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here